• петок, 04 октомври 2024

Наим Касем: Хезболах ќе го избере својот нов лидер што е можно поскоро

Наим Касем: Хезболах ќе го избере својот нов лидер што е можно поскоро

Бејрут, 30 септември 2024 (МИА) - Либанското шиитско движење Хезболах ќе го избере наследникот на убиениот генерален секретар, Хасан Насрала, „што е можно поскоро“ и ќе ја продолжи борбата против Израел, изјави заменик-шефот на групата поддржана од Иран, Наим Касем, цитиран од британските медиуми.

Според Касем, движењето продолжува со операциите според претходно подготвените планови, а нападите што досега ги преземаше организацијата се само „минимумот“ за кој таа е способна.

Касем додаде дека битката може да биде долга.сд/

фото:ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан