• понеделник, 23 декември 2024

Над 9.000 луѓе починале во Појасот Газа бидејќи не добиле соодветен третман

Над 9.000 луѓе починале во Појасот Газа бидејќи не добиле соодветен третман

Газа, 25 декември 2023 (МИА) - Повеќе од девет илјади луѓе починаа во Појасот Газа поради тоа што не можеле да имаат соодветен третман, информира денеска генералниот директор на прес-службата на Владата, Исмаил ал Тавабта.

Оваа бројка, според него, најверојатно ќе се зголеми „бидејќи здравствените установи во Појасот се затвораат“.

Во Појасот Газа, како што соопшти палестински функционер, 23 болници се нефункционални поради израелското бомбардирање, а здравствениот сектор влезе во последната фаза на целосен колапс.

Медицинската помош што пристигнува покрива само два отсто од потребите на здравствениот сектор и тој повика на помош од илјада камиони дневно, натоварени со гориво, да влезат во енклавата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан