• четврток, 15 јануари 2026

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар

Скопје, 31 декември 2025 (МИА) - Над 6.000 парчиња пиротехника била запленета во текот на вчерашниот ден на Бит Пазар.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени оперативно - тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје на улицата „192“ на подрачје на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства.

- Известен е јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави, потенцираа од МВР. бд/дма/

Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан