• сабота, 06 декември 2025

Над 50 студенти од Универзитетот во Тетово ќе следат настава низ Европа преку Еразмус плус програмата

Над 50 студенти од Универзитетот во Тетово ќе следат настава низ Европа преку Еразмус плус програмата

Тетово, 13 септември 2021 (МИА) - Повеќе од 50 студенти од сите 13 академски програми на Универзитетот во Тетово ќе ја следат наставата од зимскиот семестар од учебната 2021/22 година на европски универзитети во рамки на програмата Еразмус плус, информираа од тетовската високообразовна институција.

 По тој повод, студентите одржаа средба со проректорот за меѓународна соработка Шефик Шеху.

- Нашиот универзитет ги поздравува и поддружува студентите и академскиот кадар, во рамките на најуспешната платформа за размена во светот Еразмус плус. Со вистинска стратегија за интернационализација, Универзитетот во Тетово е силно позициониран меѓу најпрестижните европски институции за високо образование, информираа од Универзитетот во Тетово.

На средбата, координаторот на програмата Еразмус плус на Универзитетот во Тетово, Шпреса Адеми ги информираше студентите за логистички прашања и информации. ас/ар/

Остани поврзан