• понеделник, 23 декември 2024

Над 320.000 луѓе поднеле барање за азил во Германија лани

Над 320.000 луѓе поднеле барање за азил во Германија лани

Берлин, 9 јануари 2024 (МИА) - Повеќе луѓе поднеле барање за азил во Германија минатата година отколку кога било од 2016 година, покажуваат годишните статистики објавени од Федералната канцеларија за миграција и бегалци, јави ДПА.

Од почетокот на јануари до крајот на декември, околу 329 илјади лица првпат поднеле барање за азил во Германија, што е за околу 50 проценти повеќе од претходната година.

Речиси 23.000 од овие барања, поднесени за прв пат, се за деца под една година родени во Германија.

Најголем дел од луѓето кои побарале азил во Германија минатата година се од Сирија, Турција и Авганистан.

Се проценува дека околу еден милион бегалци од војната во Украина, кои се засолниле во Германија од февруари 2022 година, не морале да поднесат барање за азил, но добиле итна привремена заштита врз основа на директива на ЕУ.

Во 2016 година, бројот на барања за азил во Германија го достигна својот врв - 722.370 барања.

Во 2022 година, вкупно 217.774 лица поднеле барање за азил во Германија, што е за речиси 47 отсто повеќе од претходната година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан