• петок, 22 ноември 2024

Над 28.000 бегалци пристигнаа во Ерменија од Нагорно Карабах, соопштија ерменските власти

Над 28.000 бегалци пристигнаа во Ерменија од Нагорно Карабах, соопштија ерменските власти

Ереван, 26 септември 2023 (МИА) - Ерменија соопшти дека досега од Нагорно Карабах на ерменска територија пристигнале повеќе од 28 илјади бегалци, пренесоа светските агенции.

Азербејџан го отвори единствениот пат од Нагорно-Карабах до Ерменија во неделата, четири дена откако сепаратистите од регионот се предадоа во азербејџанската операција и беше постигнат договор за прекин на огнот, ставајќи го Нагорно Карабах под контрола на Баку.

Инаку, бројот на жртвите од вчерашната експлозија во складиште за гориво во Нагорно Карабах достигна 125, објавија денеска азербејџанските медиуми, повикувајќи се на ерменското Министерство за здравство.

Телата на загинатите во експлозијата кај Степанакерт во Нагорно Карабах се пренесени во Ерменија, се вели во соопштението. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан