• понеделник, 23 декември 2024

Над 200 отсто зголемено присуството на Ковид-19 во отпадните води во Солун и Атина

Над 200 отсто зголемено присуството на Ковид-19 во отпадните води во Солун и Атина
Атина, 21 јули 2021 (МИА) – Во девет од 12 анализирани региони во Грција, регистрирано е заголемено присуство на Ковид-19 во отпадните води, зголемување кое е најголемо во Солун - за 260 отсто, во Александруполи за 255 проценти и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, за 219 отсто, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Анализирани биле примероци од Атика и од Солун, Лариса, Волос, Патра, Ксанти, Александруполи, Јанина и од четири градови на островот Крит, а резултатите се однесуваат на отпадните води на 100.000 жители за периодот од 12 до 18 јули, во споредба со една седмица претходно. Зголемувањето во деветте региони се движи од 34 до 260 отсто, намалување има само во Волос (за 68 проценти) и во Ираклио на Крит (за 74 отсто), додека пак во Ксанти има многу мала присутност на коронавирусот. ср/гт/

Остани поврзан