Над 100.000 луѓе се откажале од државјанството на БиХ во последните 25 години
- Во последните 25 години, од државјанството на Босна и Херцеговина (БиХ) се откажале повеќе од 100.000 граѓани, главно за да добијат државјанство на некоја западноевропска земја, најчесто Германија и Австрија.
Бања Лука, 2 декември 2024 (МИА) - Во последните 25 години, од државјанството на Босна и Херцеговина (БиХ) се откажале повеќе од 100.000 граѓани, главно за да добијат државјанство на некоја западноевропска земја, најчесто Германија и Австрија.
„Од 1999 година, 101.413 граѓани се отпишале од книгата на државјани на БиХ“, соопштија од Министерството за цивилни работи на БиХ за бањалучкиот весник „Независне новине“.
Во последните 10 години, 37.294 лица се откажале од државјанството на БиХ, додека 6.806 лица го стекнале.
Таксата за откажување од државјанството изнесува 800 конвертибилни марки (околу 400 евра), освен за оние кои стануваат државјани на земјите од поранешна Југославија, кои плаќаат 200 марки. ссм/
фото: архива