• понеделник, 25 ноември 2024

Над 10 илјади посетители на Собранието во 2023 година

Над 10 илјади посетители на Собранието во 2023 година

Скопје, 2 јануари 2023 (МИА) - Парламентарниот институт во текот на 2023 година реализира вкупно 255 обиколки на Собранието, со вкупен број од 10.245 посетители, ученици, студенти, граѓани, странски гости и делегации, информира собраниската прес-служба.

Од овој број, во декември биле спроведени обиколки за 23 групи со вкупен број од 892 посетители.

-Посетителите имаа можност да се запознаат со функционирањето и организацијата на законодавниот дом, да ги разгледаат најрепрезентативните простории и сали, да научат за историјата и за законодавниот процес. Обиколките ги спроведуваат професионални водичи на македонски, албански и англиски јазик и тие се бесплатни за сите посетители, велат од Собранието.

Сите кои се заинтересирани да бидат дел од организираните обиколки на законодавниот дом, може да се јават на телефонскиот број 02/3182-227 или да поднесат барање на електронската пошта на parl.inst.@sobranie.mk. сст/

фото Собрание на РСМ

Остани поврзан