• сабота, 16 ноември 2024

Над Србија забележан метеор

Над Србија забележан метеор

Белград, 26 август 2024 (МИА) - Над Србија е виден метеор, именуван како БОЛИД. Порталот „Б-92“ пишува дека вселенското тело било видливо со голо око на небото над Белград, Ниш, Краљево, Врњачка Бања, Чачак. 

„Над Србија штотуку прелета БОЛИД. Тоа е метеор со големи размери и е исклучително светол (како огнена топка). Се движеше многу бавно бидејќи навлезе во атмосферата под остар агол. Телото целосно изгоре во атмосферата! Неговата појава може понекогаш да биде проследена со звук на крцкање поради согорувањето“, објаснуваат од Астрономското друштво Еурека.

Видеа од различни делови на Србија го преплавија интернет-просторот.  си/сд/

Фото: „Инстаграм“

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Остани поврзан