• петок, 22 ноември 2024

Надежни првични резултати од тестирањето на апчето на „Џонсон енд Џонсон“ против денга-треска

Надежни првични резултати од тестирањето на апчето на „Џонсон енд Џонсон“ против денга-треска

Чикаго, 20 октомври 2023 (МИА) - Пилулата за тропската денга-треска развиена од „Џонсон енд Џонсон“, се чини, штити од тој вирус кај неколку пациенти во мало испитување на луѓе во САД, според податоците што денеска ги презентираше компанијата на годишниот состанок на Американското здружение за тропска медицина и хигиена во Чикаго.

„Во мигов не постои специфичен третман за болеста денга-треска, инаку растечка светска здравствена закана“, соопшти компанијата пред да ги претстави првичните податоци.

Лекот делува така што го блокира дејството на два вирусни протеини, спречувајќи го вирусот да се размножува. Клучно прашање за иднината ќе биде обезбедувањето пристап до новиот лек, доколку се работи за потреби од поголем обем, во многуте земји со низок и среден приход каде што е најпотребен, порачуваат стручњаците и познавачите.

- Оваа болест долго време погодува голем дел од Азија и Латинска Америка, предизвикувајќи милиони зарази секоја година и десетици илјади смртни случаи. Се предвидува побрзо ширење бидејќи климатските промени прават повеќе области - погодни за комарците што ја распространуваат, рече научникот на СЗО, Џереми Фарар.

Преносители на денга-треска се главно комарци од родот „Aedes aegypti“ и „Aedes albopictus“ (тигрест комарец), кои најчесто виреат во тропските области. Тигрестиот комарец поледниве две десетлетија веќе е забележан и во подрачјето на Јадранот, по што следеа и случаи на денга-треска во Хрватска.  си/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан