• сабота, 23 ноември 2024

Надеждин собра 150.000 потписи за претедателска кандидатура

Надеждин собра 150.000 потписи за претедателска кандидатура

Москва, 31 јануари 2024 (МИА) - Рускиот антивоен кандидат Борис Надеждин денеска изјави дека до Централната изборна комисија (ЦИК) доставил 150.000 потписи што му се потребни за да влезе во трката за претседател и да му се спротивстави на актуелниот шеф на државата Владимир Путин.

ЦИК сега ќе треба да ја потврди автентичноста на потписите обезбедени од Надеждин и другите потенцијални кандидати за претседателската кандидатура, а следниот месец ќе објави кој ќе му се придружи на Путин на гласачкото ливче.

Победата на Путин се смета за сигурна, но Надеждин изненади некои набљудувачи со неговите остри критики за „специјалната воена операција“ во Украина.

Надеждин на почетокот на јануари изјави дека земјата ќе може да си дозволи да троши повеќе пари за граѓаните доколку не инвестира толку многу во армијата.

Како кандидат номиниран од политичка партија, тој требаше да собере 100.000 потписи во најмалку 40 региони за да може да учествува на изборите од 15 до 17 март.

Путин се одлучи на изборите да  оди како независен кандидат и затоа требаше да собере 300.000 потписи, а тој досега има собрано над 3,5 милиони. сд/

Остани поврзан