• вторник, 24 декември 2024

Надал: Сакам добар настап на АТП Купот, а потоа ќе имам една недела пред Австралија опен

Надал: Сакам добар настап на АТП Купот, а потоа ќе имам една недела пред Австралија опен
Сиднеј, 1 јануари 2020 (МИА) - Првиот светски рекет Рафаел Надал очекува добар настап на претстојниот АТП Куп како увертира пред Грен слемот Австралија опен. - Сакам да прикажам добри партии на овој турнир, а потоа ќе имам една недела за завршни подготовки за Грен слемот Австралија опен. Силно ќе тренирам оваа недела. Фокусиран сум на овие мечеви. Ја сњос мојот тим даваме се од себе, изјави шпанскиот тенисер. Шпанија на АТП Купот се наоѓа во Б-групата, во Перт, заедно со репрезентациите на Јапонија, Грузија и на Уругвај. Турнирот ќе се игра од 3 – 12 јануари во Бризбејн, Перт и Сиднеј. зс/

Остани поврзан