• среда, 25 декември 2024

Надал – Шаповалов прва четвртфинална двојка на Австралија опен

Надал – Шаповалов прва четвртфинална двојка на Австралија опен
Мелбурн, 23 јануари 2022 (МИА) – На првиот годинашен Грен слем, формирана е првата четвртфинална двојка. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Канаѓанецот Денис Шаповалов ќе се борат за влез во полуфиналето на Австралија опен. Ова е епилогот по двата осминафинални меча кои завршија рано утрово. Најпрво Надал кој е шести носител на турнирот, со максимални 3:0, по сетови 7:6, 6:2 и 6:2 го совлада Адријан Манарино од Франција. Шаповалов (14. носител), направи изненадување со елиминацијата на третиот фаворит на Грен слемот во Мелбурн, Германцеот Александер Зверев.  Мечот заврши 3:0 (6:3, 7:6 и 6:3). Денеска уште играат: Кецмановиќ (Србија) – Монфилс (Франција) Карено-Буста (Шпанија) – Беретини (Италија). зс/

Остани поврзан