• понеделник, 23 декември 2024

Надал тенираше на трева, но настапот на Вимблдон се уште неизвесен

Надал тенираше на трева, но настапот на Вимблдон се уште неизвесен
Лондон, 14 јуни 2022 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го имаше првиот поелсен тренинг на тревна подлога по триумфор на Роланд Гарос во Париз и освојувањето на својот 22 грен – слем турнир во кариерата. Како што јавуваат агенции, настапот на Надал на Вимблдон, сепак, останува н еизвесен поради проблемите со неговото повредено стапало. Вимлбдон стартува на 27 јуни, а Шпанецот досега два пати ја освојуваше титулата на „Ол Ингланд“ (2008 и 2010 година). „Во овој момент Вимблдон е приоритет. Грен – слем турнирите секогаш се приоритет, но телото ќе ми даде одговор дали ќе одам во Лондон или не. Дури по серија тренинзи, кои постепено ќе се интензивираат, ќе знам дали ќе можам да настапам на Вимблдон“, најави Надал.ег

Остани поврзан