• понеделник, 23 декември 2024

Надал прв тенисер со поминати 6 000 дена по ред во Топ 10

Надал прв тенисер со поминати 6 000 дена по ред во Топ 10
Лондон, 30 септември 2021 (МИА) – Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал е првиот тенисер со поминати 6 000 дена по ред во Топ 10. Шпанецот за првпат влезе помеѓу најдобрите десет играчи на 25 април 2005 година и оттогаш е во светската тениска елита. Во моментов Надал е на 7. место на светската АТП ранг-листа. Инаку, Роџер Федерер е првиот што има 6 000 дена во Топ-10, но не последователно, односно во текот на серијата ги има напуштено десетте најдобри. зс/

Остани поврзан