• петок, 28 јуни 2024

Надал најмлад и највозрасен тенисер кој го освоил турнирот во Акапулко

Надал најмлад и највозрасен тенисер кој го освоил турнирот во Акапулко
Акапулко, 27 февруари 2022 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на АТП турнирот во Акапулко, Мексико. За него ова е четврти трофеј на овој турнир, воедно стана и највозрасниот победник на 35-годишна возраст. Претходно тој со 18 години, во 2005-та стана најмладиот освојувач на трофејот. Во финалето одиграно рано утрово, Надал го победи Британецот Камерон Нори со 2:0, два пати по 6:4. За Надал ова е 91. титула во кариерата и трета по ред, откако претходно ги освои Мелбурн и Австралија опен. Наградниот фонд на турнирот во Акапулко изнесуваше 1,7 милиони долари. Од утре Надал ќе се врати во Топ 4 тенисери на АТП ранг-листата. зс/

Остани поврзан