• четврток, 04 јули 2024

Наградата гран при на „Мал Битолски Монмартр“ за „Simply Art” од Хонг Конг

Наградата гран при на „Мал Битолски Монмартр“ за „Simply Art” од Хонг Конг

Битола, 22 март 2023 (МИА) - Meѓународна жири комисија на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј"-Битола одчучи највисокото признание за годинешниот „Мал Битолски Монмартр“, наградата гран при да ја додели на ученици од ликовното студио ,,Simply Art”  од Хонг Конг.

На светскиот детски ликовен пристигнаа над 65О пратки од приватни и државни училишта од цел свет, односно од 71 држава со фонд од 44.ООО детски ликовни цртежи.

Meѓународната жири комисија одлучи почесната награда Професор Коста Хаџи-Антоновскикоја се доделува за значаен придонес кон светската промоција на детското сликарство и кон промоција на младите ликовни уметници и таленти да се додели на градот Чигасаки Канагава одЈапонија, почесната награда Проф. Светлана Вешиќ-Ралевиќкоја се доделува за прв пат а се однесува за најдобар педагошки пристап на светско ниво во работата со младите ликовни уметници и таленти ќе ја добие ликовниот педагог Вејсел Аџар од Трабзон, Турција, а почесната награда за животно дело за 2О23 година Проф. Д-р. Богомил Карлаварискоја се однесува за целокупниот работен век на ликовен педагог при работата со млади ликовни уметници и таленти се доделува на ликовниот педагог Киран Кансара од Вадодара, Индија.

Светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартрќе се одржи во Битола во периодот од 23 до 30 мај. мт/мч/

Фото: ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ - Битола

Остани поврзан