• недела, 22 декември 2024

Нагелсман нема да му ја врати капитенската лента на Ноер

Нагелсман нема да му ја врати капитенската лента на Ноер

Берлин, 18 октомври 2023 (МИА) - Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман изјави дека играчот од средниот ред Илкај Гундоган ќе остане капитен на националниот тим, без оглед на евентуалното враќање на Мануел Ноер.

- Илкај ќе остане капитен. Важно е да имаме континуитет, го цитира „Билд“ Нагелсман.

Од 2016 година капитен на репрезентацијата беше голманот на Баерн, Мануел Ноер. Триесет и седумгодишниот голман поради повреда нема играно од минатата година. 

Гундоган ја доби капитенската лента во репрезентацијата во септември годинава. 

Германците кои се наоѓаат на турнеја во САД, ноќеска во Филаделфија одиграа 2:2 во контролен натпревар со Мексико. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан