• недела, 06 октомври 2024

Навивачите на Рапид бараат оставка од клупското раководство по елиминацијата од еврокуповите

Навивачите на Рапид бараат оставка од клупското раководство по елиминацијата од еврокуповите
Виена, 26 август 2022 (МИА) – По елиминацијата на виенски Рапид од Вадуз од Лихтенштајн во плејофот за пласман во групната фаза во Конференциската лига, навивачите побараа оставка од раководството на еден од најтрофејните австриски клубови. Рапид на првиот натпревар на гостински терен одигра 1-1, а остана без пласман во групната фаза по вчерашниот пораз на домашен терен во Виена со 1-0. По натпреварот навивачите побараа оставка од клупското раководство, скандирајќи „Доста е“, а дел од нив се обидоа да влезат и во ВИП ложата за физички да се пресметаат со челниците на клубот. Во тоа беа спречени од обезбедувањето и полицијата. По подолга дискусија навивачите се откажаа од намерата, а директорот на клубот Кристоф Пешек и директорот Мартин Брукнер безбедно го напуштија стадионот испратени со свирежи. ег/паг/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан