• вторник, 05 ноември 2024

Навивачите на Национал со желба Суарез да се врати во клубот

Навивачите на Национал со желба Суарез да се врати во клубот
Монтевидео, 22 јули 2022 (МИА) - Околу 20 000 навивачи на фудбалскиот клуб Национал од Уругвај носеа маски со ликот на Луис Суарез на натпреварот во четвртокот, упатувајќи порака кон уругвајскиот репрезентативец да се врати во клубот. Суарез е слободен играч откако го напушти Атлетико Мадрид кога му истече договорот ова лето. Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Барселона, наводно бил понуден на Борусија Дортмунд, а се шират и гласини дека тој ќе се врати во својата татковина. Суарез го направил своето професионално деби за Национал на возраст од 18 години, во 2005 година, а потоа се пресели во Европа каде што започна во Гронинген, потоа Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид. ар/сп/

Остани поврзан