• сабота, 27 јули 2024

Набљудувачите на Трамп можат одблизу да го следат пребројувањето

Набљудувачите на Трамп можат одблизу да го следат пребројувањето
Вашингтон, 5 ноември 2020 (МИА) - Судот во Пенсилванија донесе одлука дека набљудувачите од кампањата на републиканскиот претседател Доналд Трамп можат да застанат поблиску и да го набљудуваат процесот на пребројување на гласовите во Филаделфија. Во Пенсилванија сè уште трае пребројувањето на гласовите, што може да одлучи кој ќе биде следниот претседател на САД, а кампањата на Трамп ја поздрави пресудата на судот како голема победа. Си-Ен-Ен тврди дека ниту еден суд не утврдил дека има повреди во пребројувањето на гласовите во Филаделфија. Претходно, MСНБЦ објави дека пребројувањето на гласачките ливчиња добиени по пошта во Филаделфија е привремено прекинато, бидејќи Демократите побараа од Врховниот суд на таа држава да ја укине пресудата на долниот суд за набљудувачите овластени за броење на гласовите. паг/  

Остани поврзан