• вторник, 05 ноември 2024

Набрзо е можна средба Зеленски - Путин во Турција

Набрзо е можна средба Зеленски - Путин во Турција
Киев, 2 април 2022 (МИА) - Украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин најверојатно мировните преговори ќе ги водат во Турција. Украинскиот преговарач Дејвид Арахамија истакна дека Зеленски е подготвен за средба во блиска иднина со Путин. Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека преговорите помеѓу Русија и Украина не беа лесни, но главно е тоа што продолжуваат. Тој додаде дека Русија би сакала да ги продолжи разговорите со Украина во соседна Белорусија, но Киев се спротивстави на идејата. ми/

Остани поврзан