• понеделник, 23 декември 2024

Мeквеј: Ако Бугарија плаќа во рубљи, ќе ги прекрши европските санкции против Русија

Мeквеј: Ако Бугарија плаќа во рубљи, ќе ги прекрши европските санкции против Русија
Софија, 23 август 2022 (МИА) - Бугарија требаа да го плати рускиот гас во долари, изјави портпаролот на Европската комисија Тим Мeквеј за приватната телевизија бТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, доколку Бугарија плати во рубљи, ќе ги прекрши европските санкции кон Русија. - Комисијата издаде насоки до земјите-членки на ЕУ како да ги вршат плаќањата и тие не се променети, рече Мeквеј. Земјите од ЕУ треба да плаќаат меѓусебно според фиксната валута во договорите со руски „Газпром“, евра или американски долари. Според Мeквеј, процедурата за внатрешна конверзија на валута во Русија ја вклучува руската централна банка, која е под санкции на ЕУ. Општата насока на ЕУ е да се дистанцира што е можно побрзо од несигурниот снабдувач на фосилни горива како што е Русија. Во врска со намерите на бугарската привремена влада да ги продолжи преговорите со „Газпром“, тој вели дека Бугарија е една од првите земји што стана жртва на изнудата на руската компанија за гас. Договорот на Бугарија е за плаќање во долари. Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова изјави дека плаќањето со „Газпром“ треба да се врши само во рубли. нк/паг/  

Остани поврзан