• понеделник, 23 декември 2024

Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи

Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ, на која било констатирано дека двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи, со посебен фокус на развиената економска и трговска соработка.

Како што соопштија од МНР, на средбата бил поздравен фактот што Србија е наш петти најголем трговски партнер во 2023 година.

Муцунски и Јовановиќ како особено значајно прашање го оцениле процесот на интегрирање на двете земји во ЕУ, што претставува гаранција за целокупната регионална и европска стабилност. Воедно, се наведува во соопштението, било нагласено дека двете земји се залагаат за негување на добрососедските односи, што претставува значаен аспект во насока на постигнување напредок на полето на евроинтеграциите.

- Согововниците констатираа заемен интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации, во функција на нејзино збогатување со нови содржини во интерес на просперитетот, мирот и безбедноста на регионот и пошироко, соопшти МНР.

На средбата се говорело и за солидната соработка и во делот на заштитата на националните малцинства во двете земји. цр/дма/

Фото: МНР

Остани поврзан