Муцунски од Дубаи: Економијата и дигитализацијата фокус на посетата, ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за соработка
- Во видеопораката споделена преку неговиот фејсбук-профил Муцунски информира дека ќе оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула, на која ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за соработка во областа на модернизација на Владата и државната администрација.
Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел - придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните, порача од Дубаи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит за влади.
Во видеопораката споделена преку неговиот фејсбук-профил Муцунски информира дека ќе оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула, на која ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за соработка во областа на модернизација на Владата и државната администрација.
Муцунски најавува и повеќе билатерални средби со шефови на држави и други високи претставници.
- Од денеска до четврток заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваме на Светскиот самит за влади во Дубаи, една од клучните глобални платформи посветени на иднината на владеењето, економијата и меѓународната соработка. Во рамките на посетата ќе остварам средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ,шеикот Абдула, на која ќе потпишеме меѓувладин меморандум за разбирање и соработка во областа на модернизација на Владата и државната администрација.
На маргините на Самитот ќе оствариме и повеќе билатерални средби со шефови на држави и други високи претставници насочени кон продлабочување на политичката и економската соработка и унапредување на меѓународната позиција на државата. Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел - придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните - истакнува министерот во видеопораката. мч/са/
фото: принтскрин