• петок, 05 декември 2025

Муцунски ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Индија со седиште во Софија, Арун Кумар Саху

Муцунски ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Индија со седиште во Софија, Арун Кумар Саху

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги примил копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Индија за Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Арун Кумар Саху.

Од Министерството соопштија дека на средбата биле истакнати традиционално добрите односи меѓу двете земји, како и заедничката заложба за нивно понатамошно продлабочување на билатерален и мултилатерален план.

Министерот Муцунски и амбасадорот Саху размениле мислења за интензивирање на политичкиот дијалог преку посети на високо ниво, со акцент на развојот на економската соработка.

Амбасадорот Саху го истакнал приоритетот што Владата на Индија го придава на односите со нашата држава, нагласувајќи дека неговата мисија ќе биде насочена кон јакнење на трговијата, инвестициите, како и развојот на соработката во области како што се технологијата и туризмот. цр/дма/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан