• сабота, 06 декември 2025

Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка 

Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка 

Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, денеска престојува во работна посета на Астана, Република Казахстан, чиј фокус е на унапредување на економските и политичките односи помеѓу двете земји.

Во рамки на посетата, министерот Мучунски, заедно со директорот на Технолошко-индустриските зони, Гоце Димовски, и националниот координатор за туризам, Акан Махмуд, учествувал на тркалезна маса организирана од Меѓународниот финансиски центар Астана. Покрај тоа, се сретна и со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев.

-Во контекст на заложбите на Владата за привлекување странски инвестиции, на средбите беше презентирана стабилната инвестициска клима и конкурентните услови што ги нуди државата – особено во индустрискиот и технолошкиот сектор, како и можностите за соработка во областа на туризмот, информираат од МНРиНТ.

Двете страни се согласиле за потребата од натамошно зајакнување на економската соработка, при што била иницирана и идејата за организирање бизнис-форум во Скопје како конкретен чекор во таа насока. сст/вг/

Остани поврзан