• петок, 22 ноември 2024

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам - празник за духовно и за телесно прочистување

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам - празник за духовно и за телесно прочистување
Скопје, 2 мај 2022 (МИА) - Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан  Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста. Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во државава.
По повод празникот Рамазан Бајрам, вчера Реисул Улема Шаќир Фетаи упати честитка до верниците од исламска вероисповед.
-Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовноста над страста и емоциите, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на акцијата над небрежност, на оптимизмот над очајот, на достоинство над нестабилност, на трпение над нетрпеливост, на божествено над сатанско. Сето тоа нас не прави личност на дејствување во негувањето на доброто и избегнувањето на злото. Ова е вистинскиот пат и ова е подигање на свеста на верникот кој во вистински момент е подготвен да даде одговори на предизвиците и ситуациите кои ги носи времето во кое живееме, вели реисот Шаќир Фетаи.
Жедта и гладот за време на постот, како што се наведува, ја зајакнаа нашата грижа за човекот, така што ние денес на овој голем ден сме посолидарни и похумани од кога било досега, и овој принцип теоретски и практично го дефинира чувството на мир, толеранција, хуманизам и солидарност.
-Да се биде достоен припадник на исламот и да се пости месецот Рамазан со најголема посветеност, значи да се биде чист во намерите и целите, во душата и срцето, во животот со луѓето и светот околу тебе, непоколебливи во провокациите и предизвиците на животот за да ги надминете, близок со луѓето, праведен во секојдневниот живот, простување на пропустите од другите, како и вистински помошник на луѓето, нагласува Фетаи.
Според него, најголем предизвик денес е војната. - Рамазан со неговите вредности, како и овој голем ден, нас не учи дека војната е туѓа за исламот, додека мирот е најскапоценото на човекот и неговата главна цел и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во негување на мирот и благосостојба меѓу луѓето каде и да живеат и работат, бидејќи според исламот, да се спаси човечки живот е како да се спаси целото човештво, а да се убие човечки живот е како да се убие целото човештво, посочува реисот Фетаи. дма/сст/

Остани поврзан