• петок, 22 ноември 2024

Мурсели: Ќе помогнеме во постапката за изградба на засолниште за жени жртви на семејно насилство

Мурсели: Ќе помогнеме во постапката за изградба на засолниште за жени жртви на семејно насилство
Тетово, 11 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од Алијанса за Албанците и Алтернатива, Вулнет Мурсели по денешната средба со стручни лица од областа на семејното насилство изрази уверување дека ќе се гради соодветен објект во рамки на Општина Тетово како засолниште за жртви од тоа крививично дело.
Најавата на Мурсели доаѓа по денешната средба претставниците на невладинското здружение „Кортекс“ -Тетово Сема Халили Небахат Имери.
-Од близу ме информираа и ме запознаа со анализата за проценка на потребите на жените жртви на семејно насилство. Во мандатот на моето управување со Општина Тетово ќе има посебен буџет за оваа социјално чувствителна категорија исто така и во соработка со други институции ќе помогнеме во постапката за изградба на засолниште за жени жртви на семејно насилство и ќе им обезбедиме психолошка поддршка и бесплатна правна помош. На средбата разговаравме за препораките и заклучоците од анализата, каде што невладинската организација Кортекс ми ја претстави реалната состојба на проблемите со кои се соочуваат жените жртви на насилство, особено во периодот кога одлучат да го напуштат насилниот партнер, изјави Вулнет Мурсели.
Оваа анализа е подготвена во рамките на проектот „Институционализација на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство“ во спроведувањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство поддржана од Австриската агенција за развој, кој се спроведува во локално ниво од невладинската организација „Кортекс“ од Тетово. ас/бк/

Остани поврзан