• недела, 24 ноември 2024

Мурсели: Во Тетово на секој постоечки и нов паркинг ќе има резервирани и бесплатни места за лица со посебни потреби

Мурсели: Во Тетово на секој постоечки и нов паркинг ќе има резервирани и бесплатни места за лица со посебни потреби
Тетово, 7 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Вулнет Мурсели вечерва одржа митинзи во населбите Цетинска и Гам Гам во Тетово. Во своето обраќање Мурсели се осврна на потребата како иден градоначалник да работи повеќе на прашањето се паркинг местата. -Сообраќајот во Тетово ќе се одвива поинаку, доколку се зголемат капацитетите за паркирање. Лошо е што досега ниту еден градоначалник не презел иницијатива за да го спаси градот од урбаниот хаос. Планираме изградба на четири катни паркинзи- на влезот во градот кај Веро, кај судот односно просторот на ДТВ Партизан, во близина на комплекс Базар и до стариот градски стадион, потенцираше Мурсели. Тој истакна дека ќе се обезбеди бесплатен паркинг за лицата со посебно потреби. -На секој постоечки и нов паркинг, насекаде во Тетово ќе создадеме резервирани и бесплатни паркинзи само за лица со посебни потреби. На секој паркинг во болницата, пред поштата, пред општината, пред стариот комплекс, пред новиот комплекс, кај инвалидскиот пензиски центар, кај центарот за вработување, кај центар за социјална работа и пред сите јавни институции, ќе создадеме специјални места за паркирање кои ќе бидат бесплатни за овој скапоцен дел од нашиот град, рече Мурсели. Кандидатот за градоначалник Мурсели вели дека се разгледува можноста и за редизајн на градскиот плоштад со цел да се изгради подземен паркинг. ас/аа/

Остани поврзан