• петок, 22 ноември 2024

Мурињо останува во Рома

Мурињо останува во Рома

Рим, 29 март 2023 (МИА) – Португалскиот тренер Жозе Мурињо донел одлука да го испочитува договорот со калчолигашот Рома кој истекува во јуни идната година, јавуваат денеска италијанските медиуми.

Мурињо седна на клупата на Рома во 2021 година, а дел од европските медиуми изминатиот период тврдеа дека Португалецот предвреме ќе го напушти римскиот клуб и оти може да биде нов тренер на ПСЖ или Њукасл.

Италијанските медиуми, меѓутоа, објавија дека Мурињо останува во Рома, истовремено барајќи од раководството засилување на играчкиот кадар за идната сезона.

Рома е петтопласирана во Серија А со бод помалку од Милан на четвртото место кое обезбедува настап во Лигата на шампиони за следната сезона. ег/паг/

ФОТО: Твитер

Остани поврзан