• понеделник, 23 декември 2024

Мурашко: Околу 14 проценти од тестираните на руската вакцина имаат благи поплаки

Мурашко: Околу 14 проценти од тестираните на руската вакцина имаат благи поплаки
Москва, 15 септември 2020 (МИА) - Од повеќе од 300 доброволци вакцинирани за време на испитувањата по регистрацијата на руската вакцина за Ковид-19, наречена „Спутник V“, само околу 14 проценти пријавиле замор, болки во мускулите или висока температура, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко за РИА Новости. - Повеќе од 300 луѓе се вакцинирани. Околу 14 проценти имаат благи поплаки од замор или благи болки во мускулите во текот на денот, понекогаш со висока температура, изјави Мурашко. Тој додаде дека овие „мали компликации“ биле предвидливи и, како што вели, „така е наведено и во упатството“. паг/

Остани поврзан