• четврток, 22 август 2024

Муратов: Чувствувам тага и срам поради руската инвазија на Украина

Муратов: Чувствувам тага и срам поради руската инвазија на Украина
Москва, 24 февруари 2022 (МИА) - Рускиот новинар и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов денеска изјави дека чувствува тага и срам поради руската инвазија на Украина, пренесува Би-Би-Си.
Муратов е уредник на рускиот весник „Нова Газета“, а минатата година ја доби Нобеловата награда за мир за борба за слобода на изразување во Русија.
- Освен тага, јас и моите колеги се срамиме. Што е следно - нуклеарен напад? Владимир Путин си игра со нуклеарно копче како со клучеви од кола. Украина не е наш непријател и украинскиот јазик не е непријателски јазик. И никогаш нема да биде, рече Муратов.
Следниот број на „Нова Газета“ ќе биде двојазичен, на руски и на украински. паг/
   

Остани поврзан