• петок, 22 ноември 2024

Мунир Колашинац реизбран за претседател на БДС

Мунир Колашинац реизбран за претседател на БДС
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Мунир Колашинац е повторно назначен за претседател на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) кој на вчерашната втора седница на Собранието избираше нови партиски органи. - За заменик на претседателот беше назначен Зеќир Курбардовиќ, за генерален секретар беше избрана Едина Зеќировиќ Фазлагиќ, додека пак за потпретседатели беа назначени Енвер Карталовиќ, Адмир Ујкановиќ и Шеќо Личина, соопштија денеска од БДС. На седницата на Собранието на БДС избрани се и нов Надзорен и Централен одбор на партијата. Изборот на нови партиски органибеше заокружен со заеднички ифтар во чест на новото раководство на БДС, информираат од партијата.сх/лв/

Остани поврзан