• сабота, 23 ноември 2024

Мунир именуван за началник на Генералштабот на пакистанската армија

Мунир именуван за началник на Генералштабот на пакистанската армија
Исламабад, 24 ноември 2022 (МИА) - Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф денеска го именува поранешниот директор на разузнавачката служба Сајед Асим Мунир за началник на Генералштабот. Мунир ќе го замени генералот Камар Џавед Бајва, чиј шестгодишен мандат истекува на 29 ноември. Војската историски има големо влијание во Пакистан, владеејќи со половина од 75-годишната независност на земјата и е одговорна за нуклеарната програма на земјата. Како и соседните Кина и Индија, Пакистан има нуклеарен арсенал и ракетен систем, што главно е насочен кон Индија. ми/

Остани поврзан