• сабота, 23 ноември 2024

Мултимедијалниот центар во Кичево наскоро ќе ги прими првите гости

Мултимедијалниот центар во Кичево наскоро ќе ги прими првите гости

Кичево, 11 мај 2021 (МИА) - Мултимедијалниот центар изграден на Китиното кале во Кичево пред пет децении е дел од проектот за темелна реконструкција на овој локалитет, што наскоро ќе биде целосно завршен.

-За целосно да одговори на својата намена мултимедијалниот центар е комплетно реновиран, со нов покрив, нови врати и прозорци и целосно партерно преуреден, внатре и надвор, наликува на современ објект кој треба во иднина да биде културен епицентар на градот, истакна Дарко Белески проект координатор.

Како што рече Белески, еден од најважните објекти што се реновира, а е дел од проектот за ревитализација на Китиното кале, е мултимедијалниот младински центар.

-Тој може да послужи за повеќе намени, од организирање на промоции на книги, литературни читања, ликовни изложби, организирање на ликовни колонии и дава можност за одржување на разни трибини, работилници а во дел од овој објект се очекува да биде отворен и угостителски објект, бидејќи има пространа тераса каде може да гостуваат солисти и музички групи, бидејќи има и одлична локација за бина која е идеална за секаков вид на забави на отворено, нагласи Белески.

Тој посочи дека овој објект пред четири децении беше забавен епицентар на градот, каде се организира и избор на убавица а на отворената сцена настапија без малку сите музички ѕвезди од поранешната држава, кога се бараше карта повеќе за да се присуствува на овие концерти.

Забавите не беа само локални, туку на нив редовно имаше гости од соседните градови па дури и од соседните земји. Граѓаните на Кичево едвај чекаа да дојде летото и секоја вечер да ја поминат на ова, во тоа време за нив, култно место на градот.за/бт/

Остани поврзан