• сабота, 06 декември 2025

Мултимедијален инклузивен предбожиќен  настан „Види ме“ во „Дајмонд мол“

Мултимедијален инклузивен предбожиќен  настан „Види ме“ во „Дајмонд мол“

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Мултимедијален инклузивен предбожиќен  настан „Види ме“ ќе се одржи вечер во 18 часот во „Дајмонд мол“. 

Организатор е Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“.

Настанот, кој е наменет за децата и родителите, ќе го отвори Дедо Мраз. Според програмата, ќе настапат Енерџи Бенд и Ѓоко Јовиќ, Влатко Лозановски - Лозано, Принц, Дарко и лице со попречен вид. Ќе бидат поделени подароци и пакетчиња за дечињата. 

Организаторот информира дека настанот е поддршка и пример за инклузивност. мд/са/

Фото: Фејсбук на Коалиција „Менуваме“

Остани поврзан