• четврток, 26 декември 2024

Мултимедијален инклузивен новогодишен  настан „Види ме“ во Аеродром

Мултимедијален инклузивен новогодишен  настан „Види ме“ во Аеродром

Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Мултимедијален инклузивен новогодишен  настан насловен „Види ме“ ќе се одржи вечер во 19:30 часот во „Киндер Кафе“ во скопската населба Аеродром.

Организатор на настанот е Коалицијата Менуваме и Пријателите „За насмевка на секој детски образ“.

-На настанот, како поддршка и пример за инклузивност, заедно ќе настапат веселиот Дедо Мраз, веселите магионичари, а ќе има и музички перфоманс, рецитирање и изведба на театарски точки, велат организаторите.

Настанот е дел од Агенда 2030 за обезбедување општество „Рехабилитација базирана на заедницата“. дма/мд/

Фото: Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан