Музеј на Град Скопје: Беа прикажани дела од проектот Каљари – Скопјe, инсталацијата на Шеќеров не се вклопуваше тематски
Скопје, 29 ноември 2023
Во врска со изнесените наводи за цензура во Музејот на Град Скопје, ве информираме дека се работи за проектот Каљари – Скопјe, “Cagliari – Skopje” - кој е плод на размена во областа на културата помеѓу Италија и Македонија.
Во текот на есента 2022 година беа реализирани две резиденции на уметници, една во Каљари, Сардинија и една во Скопје, каде македонски и италијански млади уметници заеднички твореа уметнички дела, инспирирани од културата и природата на околината во која се наоѓаат резиденциите – во Република Македонија тоа беа градот Скопје и Скопската околија, а во Сардинија, градот Каљари и островот Антиоко.
Резултатите од овие две уметнички работилници беа прикажани во Музејот на Град Скопје во текот на вчерашниот ден. Уметниците од Сардинија ги прикажаа cвоите импресии од Македонија, а скопските уметници своите импресии од Сардинија. За жал, еден од македонските уметници, Зоран Шеќеров, сакаше да вклучи свои дела кои тематски не се поврзани и не се вклопуваат со проектот, бидејќи не се поврзани со неговиот престој во Сардинија.
Но, бидејќи за Музејот од особена важност е стимулирање на критичка уметност го покануваме Зоран Шеќеров да аплицира со овие дела за самостојна изложба. Вратите на Музејот се секогаш отворени за млади и креативни уметници од Македонија со цел промоција на македонската култура.
Фото: МИА архива
д-р Панче Велков
Директор на Музеј на Град Скопје
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.