• вторник, 05 ноември 2024

Музеј во Барселона ги отвори вратите за нудисти на 90 минути

Музеј во Барселона ги отвори вратите за нудисти на 90 минути

Барселона, 30 октомври 2023 (МИА) - Археолошкиот музеј на Каталонија во Барселона во саботата ги отвори вратите за нудисти, нудејќи им на заинтересираните посебна обиколка низ просториите без облека. Оваа 90-минутна тура е организирана во соработка со каталонскиот „Натуристички клуб“.

- Сакавме да има поинтересна тура, а не обична тура со водич, изјави Едгар Местре, водич кој и самиот ја обиколи изложбата без облека. - Сакавме луѓето кои би дошле да ги погледнат експонатите да се чувствуваат исто како делата што ги гледаат.

Според страницата на музејот, на посетителите им се нуди можност „да им се восхитуваат на изложените дела и да бидат во иста состојба како статуите - целосно голи и опкружени со голите тела на други луѓе“.

- Искуството е исто како да се гледаат делата во облека, но разликата е во тоа што можеби вака подобро разбираме дека голотијата отсекогаш постоела и дека голите човечки тела не треба да бидат извор на срам за никого, вели здравствената работничка Марта - една од нудистите од групата.

Посетителите ја разгледаа изложбата на фотографии на Луиџи Спина Бронко од Ријаци, Италија, познати како „Воините на Ријаци“. На сликите се прикажани две големи грчки бронзени статуи на голи воини од 5. век п.н.е., откриени во 1972 година во морето во близина на градот Ријаци во областа Калабрија.  си/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан