• понеделник, 18 ноември 2024

Мугуруза првпат во кариерата го освои Завршниот ВТА турнир

Мугуруза првпат во кариерата го освои Завршниот ВТА турнир
Гвадалaхара, 18 ноември 2021 (МИА) – Шпанската тенисерка Гарбиние Мугуруза победи на Завршниот ВТА турнир во Гвадалахара,Мексико.                   Таа ноќеска во финалето ја победи Естонката Анет Контавеит со резултат 6:3, 7:5. Мечот траеше 1 час и 39 минути. За 28-годишната Мугуруза ова е прва победа на Завршниот турнир во кариерата. Во 2015 година Шпанката стигна до финалето на Завршниот турнир во двојки. Покрај тоа, таа стана првата тенисерка од Шпанија која го освоила овој турнир во сингл. Наградниот фонд на турнирот во Мексико изнесуваше пет милиони долари. Мугуруза е победник и на два Грен слем турнири во сингл (Ролан Гарос 2016 и Вимблдон 2017). зс/

Остани поврзан