• недела, 07 јули 2024

МТКФ на семинар во Грција

МТКФ на семинар во Грција
Неа Флогита, 13 јуни 2021 (МИА) – На традиционалниот 50. семинарот во Неа Флогита, Грција, од денес до 19 јуни предавања ќе одржат и македонските карате мајстори: Венцислав Недев 9 дан, Дејан Недев 6 дан и Аљоша Недев 6 дан. На семинарот учествуваат над 60 каратисти од македонски, српски и грчки клубови. Семинарот е еден вид подготовки за македонските каратисти кој од 12 до 15 ноември 2021 ќе настапат на ЕТКФ европскиот шампионат за сениори, јуниори, кадети и деца во Белград, Србија. На крај од семинарот е предвидено да се одржи меѓународен натпревар и полагање за ученички и мајсторски појаси. зс/

Остани поврзан