• сабота, 23 ноември 2024

МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби

МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција во пресрет на чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, во пишаното обраќање го повикува своето членство доследно да ги извршуваат своите работни задачи согласно законската регулатива наРепублика Северна Македонија.

- Да не се ставате во функција на политичките партии и други групации заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии и други групации, се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.Само со професионален пристап и професионално работење, се посочува, ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните што тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за вработените во Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција.

- Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските или било какви други влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност, правна држава и непристрасно спроведување назаконите за сите, се вели меѓу другото во соопштението.

Од МПС ги повикуваат и политичките партии и нивните локални преставници, како и сите други радикални групации да не ги заплашуваат нивните членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи, како што стои, времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби. Од МПС ги охрабруваат сите нивни членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од било кого.цр/са/

Остани поврзан