• петок, 08 ноември 2024

Мото ГП се враќа на крајот на јули со две кола во Херез

Мото ГП се враќа на крајот на јули со две кола во Херез
Мадрид, 8 мај 2020 (MIA) – Раководството на Мото ГП, заедно со регионалната власт на Андалузија и градскиот совет на Херез, ќе направат предлог до шпанските власти да ја започнат сезоната 2020 година со две трки во Херез. На оваа патека може да се возат две кола од светскиот шампионат на крајот на јули. Првиот натпревар ќе биде закажан за викенд помеѓу 17 и 19 јули и ќе биде отворен за сите класи. Мотоциклистите ќе останат во нивните хотели до следната недела, кога ќе се одржи второто коло. Плановите беа усвоени за време на состанокот помеѓу властите на Андалузија, градоначалникот на Херез и долгогодишниот извршен директор на „Дорна“, промотор на трката, Кармело Еспелета. Сепак, почетокот на сезоната во Мото ГП продолжува да зависи од мерките на безбедност во Шпанија, кои во последните две недели постепено опаѓаат. зс/

Остани поврзан