МотоГП: Џоан Мир се откажа поради болест
- Поранешниот светски првак во мотоциклизам, Џоан Мир, ќе ја пропушти трката во Мото ГП за Големата награда на Сан Марино поради болест, објави денеска неговиот тим Хонда.
Мисано, 7 септември 2024 (МИА) – Поранешниот светски првак во мотоциклизам, Џоан Мир, ќе ја пропушти трката во Мото ГП за Големата награда на Сан Марино поради болест, објави денеска неговиот тим Хонда.
Шпанецот нема да се натпреварува на денешната спринтерска трка, како и на неделната ГН на Сан Марино, 13-та трка од сезоната на светскиот шампионат во Мото ГП.
Здравствената состојба на светскиот шампион од 2020 година, кој ги пропушти првите тренинзи во петокот поради гастроентеритис, се подобри во текот на ноќта, „но неговата состојба повторно се влоши утрово“, се вели во соопштението на Хонда.
Врз основа на препораките на медицинскиот персонал, Мир се повлекува од трката, објави Хонда. ег ФОТО: Фејсбук