• петок, 22 ноември 2024

МотоГП се враќа во Унгарија по 33-годишна пауза

МотоГП се враќа во Унгарија по 33-годишна пауза


Будимпешта, 19 септември 2024 (МИА) – МотоГП ќе се врати во Унгарија за прв пат од 1992 година, откако постигна договор патеката Балатон Парк да биде домаќин на трка од шампионатот од следната сезона, соопшти денеска промоторот на шампионатот Дорна.
По првата трка во Унгарија во 1990 година, проследена со втората во 1992 година, МотоГП ќе се врати на унгарски терен во август 2025 година.
Патеката, која се наоѓа во близина на езерото Балатон, ќе биде реновирана за трката, а Светскиот шампионат во супербајк (ВорлдСБК), исто така, ќе одржи трка на оваа патека следната сезона.
„Многу сме среќни да објавиме дека Балатон Парк ќе биде во календарот за 2025 година за МотоГП и ВорлдСБК. Пистата е на одлична локација и ќе биде фантастична дестинација за навивачите“, рече извршниот директор на Дорна Спорт, Кармело Еспелета.
Сезоната 2025 во Мото ГП шампионатот треба да стартува во март со Големата награда на Тајланд. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан