• четврток, 13 јуни 2024

Мота официјално нов тренер на Јувентус

Мота официјално нов тренер на Јувентус

 

Торино, 12 јуни 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го назначи вечерва Тијаго Мота за нов тренер.

Мота на клупата седнува на местото на Масимилијано Алегри, а италијанските медиуми пренесуваат дека новиот тренер на Јувентус потпишал договор вреден 3,5 милиони евра по сезона. Износот може да достигне максимални пет милиони евра со бонуси.

Мота и Јувентус потпишаа договор за соработка до јуни 2027 година.

Минатата сезона Јувентус го освои третото место во Серија А, додека Мота и неговата Болоња беа најпријатното изненадување во сезоната и на крајот завршија на петтото место.

Мота е роден во Бразил, но долго време има италијански пасош. Како фудбалер одигра еден натпревар за Бразил и 30 натпревари за Италија и постигна еден гол.

На клупски план Мота настапуваше за Барселона, Атлетико Мадрид, Џенова, Интер и ПСЖ. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан