• вторник, 23 јули 2024

Московското метро обезбеди засолниште за речиси 200 животни

Московското метро обезбеди засолниште за речиси 200 животни
Москва, 6 декември 2020 (МИА) - Возот „Опашки и шепи“ на метрото во Москва за еден месец им помогна на речиси 200 кучиња и мачки да најдат сопственици, соопшти Одделот за транспорт во рускиот главен град. На почетокот на минатиот месец започна со работа онлајн платформа на тематскиот воз „Опашки и шепи“ и речиси 200 кучиња и мачки од разни засолништа пронајдоа свој дом. На тој начин, за нив ноември стана најтоплиот месец, коментира Одделот на својот профил на Телеграм. Во вагоните на овој воз се поставени фотографии од кучиња и мачки со ОР-код на миленичето кое бара дом. Кога животното ќе најде сопственици, под фотографијата се појавува натпис „Јас сум веќе дома“. Возот со фотографии на животните ќе сообраќа по една од линиите на метрото во следните шест месеци. гт/

Остани поврзан