• вторник, 05 ноември 2024

Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ

Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ
Москва, 7 септември 2022 (МИА) – Русија денеска соопшти дека вовела санкции за одреден број граѓани на Европската унија како одговор на „непријателската антируска политика на Западот“. Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје. Меѓу санкционираните има вработени во компании кои ја снабдуваат Украина со оружје. Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија. Москва претходно воведе санкции за голем број западноевропски политичари. јт/

Остани поврзан